Шпански фудбалер пронајден мртов помеѓу два вагони

Фото: Screenshot

Фудбалерот на Кордобо Алваро Прието кој исчезна во четвртокот по ноќна забава во Севиља е пронајден мртов помеѓу два вагони.

Шпанската полиција објави дека безживотното тело на фудбалерот било пронајдено со јасни траги на струен удар од кој му биле изгорени рацете и косата.

Според пишувањето на медиумите, фудбалерот се обидел да помине помеѓу двата вагони кои не биле во сообраќај неколку месеци и тука се случил фаталниот струен удар.

Телото на фудбалерот го пронашол новинарот Алберто Каталан и тоа случајно при јавување во живо на телевизијата за која работел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот