Шпанија е светски лидер по бројот на ќелави мажи - Фото: Инстаграм/Pubity

Во Шпанија скоро секој втор е ќелав — како се држат нашите мажи?

Ако сте забележале дека низ нашите градови има сè повеќе „сјајни глави“, не сте далеку од вистината. Најновите податоци објавени од релевантниот статистички центар „Ворлд популејшн ривју“ (World Population Review), откриваат дека Европа е апсолутен лидер кога станува збор за машката ќелавост.
Според истражувањето, Шпанија официјално го зазеде првото место во светот, каде речиси секој втор маж (44.5%) се соочува со губење на косата.

Глобално рангирање на машката ќелавост по земји – Фото: Принтскрин/ „Ворлд популејшн ривју“ (World Population Review)

Глобално рангирање на машката ќелавост по земји:

1. Шпанија
2. Италија
3. Франција
4. САД
5. Германија
6. Обединето Кралство
7. Канада
8. Австралија
9. Мексико
10. Русија

Глобално рангирање на машката ќелавост по земји – Фото: Инстаграм/Pubity

Иако Македонија не е секогаш во фокусот на секое поединечно истражување, податоците на „Медихеир“ (Medihair) и сродните платформи за Балканот покажуваат дека нашиот регион е во „високата зона“. Имено, Македонија, заедно со Грција и Чешка, спаѓа во групата на земји каде над 40% од мажите се соочуваат со овој проблем. Ова нѐ става многу блиску до самиот светски врв, што е карактеристично за медитеранските и балканските народи.

Како што пишува во извештајот на „Медихеир“, главните причини се комбинација од генетиката специфична за кавкаската раса и фактот што европските нации имаат постаро население. Истражувачите забележуваат дека колку е поблиску една нација до Медитеранот, толку се поголеми шансите за машка ќелавост.

ФОТО | Боби Кузманоски цела година го фотографирал Сонцето и создаде фасцинантна сончева аналема над Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот