Шпанија е блиску до легализирање на евтаназијата

Фото: МИА

Текстот на законот предвидува дека лицето кое страда од сериозно, неизлечиво заболување, може да добие помош да умре доколку тоа го побара, за да избегне неподносливо страдање.

Законот за евтаназија синоќа ја помина првата пречка во шпанскиот Парламент и покрај тоа што се спротивставија од Католичката црква и десницата. Тоа претставува голема победа за владејачките социјалисти кои го ветија законот пред две години.

Претседателката на Парламентот, Мериткесел Батет изјави дека сега се разгледува планот за прифаќање на законот. Текстот на законот сега ќе се дискутира, а потоа следува изјаснување што ќе трае со месеци.

– Шпанија презеде одлучувачки чекор во прилог на признавање на правото на достоинствена смрт, напиша социјалистичкиот премиер Педро Санчез на Твитер.

Ова е третпат од 2018 година социјалистите да го достават тој предлог-закон.

Текстот на законот предвидува дека лицето кое страда од сериозно, неизлечиво заболување, може да добие помош да умре доколку тоа го побара, за да избегне неподносливо страдање.

Молбата мора да биде напишана и повторена 15 дена подоцна, и ќе треба да ја прифатат двајца доктори и да ја разгледаат во лекарската комора.

Право на приговор на совеста е предвидено за здравствените работници кои одбиваат да учествуваат во евтаназија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот