Шпагети со крем од авокадо – посни и лесни за подготовка

Unsplash
Unsplash

Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што да направите денес за ручек, еве интересна идеја! Оваа комбинација не сте ја пробале, во продолжение ги состојките што ќе ви бидат потребни.

Состојки:

– 200 г шпагети (без јајca)
– 1 средно авокадо
– сок од ½ лимон и кора од лимон
– 1 – 3 чешниња лук
– 1/2 лажичка крупна сол
– 2 лажици маслиново масло
– 2- 3 лажици сечкан босилек
– мелен црн пипер
– неколку маслинки (по желба)

Подготовка:

Ставете посолена вода да зоврие во поголем сад, па додајте ја пастата и варете ја додека биде ал денте. Во меѓувреме направете го сосот – во блендер ставете ги лукот, маслиновото масло, лимоновиот сок. Блендирајте додека добиете воедначена смеса.

Додајте ги излупеното авокадо, босилекот и солта и продолжете да блендирате додека добиете кремаста смеса. Кога ќе биде готова пастата исцедете ја и ставете ја во голем сад. Додајте го сосот и мешајте да се распореди убаво низ пастата.

Сервирајте посипано со рендана кора од лимон и мелен црн пипер. Додајте неколку маслинки и сервирајте веднаш.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот