„Шоуто на Кели Кларксон“ ќе го заземе местото на „Елен“ по 19 сезони

На почетокот на овој месец, водителката Елен Деџенерис (63) објави дека нејзиното ток-шоу ќе заврши во 2022 година по неверојатни 19 сезони, затоа што нејзината емисија „повеќе не ѝ претставува предизвик“. Наместо тоа, терминот на програмата ќе му биде отстапен на „Шоуто Кели Кларксон“, што во моментов е во својата втора сезона.

Instagram
Кели Кларксон и Елен Деџенерис / Instagram

Трејси Вилсон, извршен потпретседател на студијата NBCUniversal Syndication, изјави: „Кели и целиот наш продуцентски тим ги вложија своите срца и неверојатна страст да направат шоу што ќе им се допадне на луѓе од сите возрасти, култури и потекла“.

39-годишната Кларксон која победи на првата сезона на „Американски идол“ во 2002 година, продолжи да продуцира хитови како што се „Stronger“, „Miss Independent“ и „Since U Been Gone“, а неодамна, таа го започна „Шоуто на Кели Кларксон“, едночасовна програма во која учествуваат славни гости.

Instagram
Кели Кларксон Шоу / Instagram

Програмата дебитираше со силен рејтинг во 2019 година.

Заминувањето на Деџенерис следеше по намалувањето на рејтингот на шоуто и обвинувањата од некои членови на персоналот дека зад сцената преовладува токсична работна средина. Откако тројца постари продуценти на шоуто ги загубија своите работни места, Деџенерис да ја отвори тековната сезона со извинување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот