Шолц: Имам мандат да формирам влада во Германија

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Лидерот на германските социјалдемократи (СПД), Олаф Шолц, денеска изјави дека има мандат да формира влада во земјата, пренесуваат француските медиуми. Од друга страна, германските медиуми се уште не ја пренесоа оваа информација, туку само изјавата на лидерот на СПД дека од утре почнуваат разговорите за коалиција со Зелените и либералите, таканаречената „Семафор коалиција” .

-Граѓаните му дадоа мандат на СПД за формирање влада. Наше е да го спроведеме. Станува збор за напредокот на Германија “, ги  пренесува „Шпигел ” зборовите на Шолц што ги изговори на конференцијата во Берлин, каде трите страни почнаа преговори за формирање коалиција.

Потсетуваме, зелените претходно објавија дека сакаат да почнат преговори со социјалдемократите (СПД) и либералите (ФДП) за формирање на таканаречената „семафор коалиција”.

Аналена Баербок од зелените соопшти дека ќе им предложи на либералите на Кристијан Линдер што е можно поскоро да почнат разговари со Олаф Шолц, лидерот на социјалдемократите.

-Германија се соочува со големи предизвици, со кои мора брзо да се справиме, истакна Баербок по состанокот во партијата на кој се одлучуваше за потенцијалните коалициски партнери.

Кристијан Линдер соопшти дека утре ќе се одржи првиот состанок на лидерите на трите партии.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот