Шолц е прв германски канцелар, кој запали свеќа на еврејскиот празник Ханука

фото: Социјални мрежи, Шолц е прв германски канцелар, кој запали свеќа на еврејскиот празник Ханука

Канцеларот Олаф Шолц изрази „солидарност“ со Евреите на почетокот на Ханука и стана првиот германски канцелар што во Берлин запали огромна менора, свеќник со девет гранки.

Два месеци по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас, Шолц, со традиционална еврејска „кипа“ капа, повика на „итно“ ослободување на сите израелски заложници киднапирани од екстремното палестинско исламистичко движење. Канцеларот го направи ова пред насобраната толпа пред Бранденбуршката порта, во самото срце на германската престолнина и го одбележа еврејскиот празник на победата на светлината над темнината. „Терористичкиот напад на Хамас врз Израел длабоко нѐ потресе сите нас“, рече Шолц.

Потоа, придружуван од рабинот Јехуда Теихтал, се качи на кранот и ја запали првата свеќа со факел. „Сакам оваа свеќа да свети подалеку од овој плоштад и многу подолго од само осумте дена на Ханука“, рече Шолц.

Соочен со пораст на злосторствата од омраза против Евреите во Германија по нападот на Хамас на 7 октомври, Шолц постојано ја нагласува посветеноста на неговата земја за заштита на еврејската заедница, осум децении по Холокаустот, најголемиот геноцид досега.

На церемонијата на палење свеќа на менора или Ханука присуствувале двајца членови на семејството на еден од заложниците кој Хамас го држел 60 дена. Станува збор за германско-израелскиот државјанин Итај Свирски.

Ханука се слави на 25-ти Кислев (средината на декември), а тој празник го одбележува настанот од 164 п.н.е. кога, по три години прогонство и борби, ерусалимскиот храм бил повторно осветен по хеленистичкиот крал Антиохиј IV. Епифан, кој ги забранил еврејските обреди во храмот и го воспоставил обожавањето на Зевс.

Ова предизвикало еврејски бунт предводен од Макавејците, а по смртта на Епифан, храмот бил исчистен и повторно осветен.

Легендата за светилката е поврзана со овој настан – единственото недопрено шише маслиново масло кое го носело печатот на Првосвештеникот, а во храмот продолжило да гори осум дена, иако за него имало доволно масло само за еден ден. .

Ханука е празник на светлината, кој трае осум дена и според еврејскиот календар се слави од Кислев 25 до Тевет 2, а оваа година Ханука започнува на зајдисонце во четврток на 7 декември и ќе трае до зајдисонце во петок на 15 декември.

Во текот на осум дена, во самрак, верниците палат по една свеќа. Менората е поставена покрај влезната врата или на прозорецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот