Шокантно сведоштво на дадилката на Анџелина Џоли: „Таа воопшто не е онаква мајка каква што се претставува“

анџелина џоли
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Анџелина Џоли долго време во очите на јавноста настојува да се прикаже себеси како идеална мајка која одлично излегува на крај со шест деца, иако изјавите на Бред Пит, нејзиниот поранешен сопруг не мисли баш така.

Наводно, таа ги образува и воспитува своите деца на начин на кој смета дека позитивно влијае на нивното созревање и раст, а како што и самата еднаш изјави, примарна цел за неа се завршените домашни задачи и образованието, како и грижата и љубовта кон сите живи суштества.

Еднаш изјави:

„Секој пат им пеам заспивалки со различен тон на гласот, за да ги забавувам“

Но, дадилката која работеше за Анџелина Џоли и поминуваше 24 часа дневно со децата, открива за американскиот магазин ОК дека зад затворени врати, нештата се сосема поинакви, пренесуваат од „Story“

анџелина џоли
Фото: EFE/NEIL HALL

„Таа е мајка која е често отсутна поради своите секојдневни проблеми и кариера и не стигнува да се посвети на сите деца, а тоа е рецепт за пропаст“.

Во интервјуто, дадилката изјавува дека Анџелина се доживува себеси како модерна мајка, и ги третира децата како возрасни. Но вистината е дека децата од време на време треба да бидат прекорени и да се воспитуваат, за да разликуваат што е исправно од погрешно.

Дадилката ги чуваше шесте деца на Анџелина и Бред и пренесе шокантни информации – како на пример дека иако тие се малолетни и далеку под границата за конзумирање алкохол, таа им дозволувала да се напијат чаша до две. Според неа, лицемерно е што Анџелина бараше старателство врз децата, обвинувајќи го Бред Пит на суд дека има проблеми со пиењето.

Во изјавата, таа дополни:

„Слушнав дека често излегува навечер и ги остава децата сосема сами без некој постар да ги надгледува и чува, а ги имала оставено повеќе од 10 часа сами во текот на ноќта додека снимаше нов филм“.

Со ова сведоштво, дадилката го доведе до прашање имиџот на Анџелина како „совршена мајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот