Шокантно признание: Сценаристката на „Grey’s Anatomy“ лажела дека има рак

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Профимедиа

Сценаристката на хит-серијатаGrey’s Anatomy“, Елизабет Финч призна дека лажела дека има рак. Пред неколку години таа тврдеше дека ѝ бил дијагностициран хондросарком, редок вид на рак кој обично ги напаѓа коските.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Talk Radio 107.7 FM (@talkradio107.7)


Финч тогаш рекла дека хемотерапијата не ѝ помага и дека ракот и се проширил и на ‘рбетот. Ја избричила главата, консумирала мали количини храна, се преправала дека повраќа и носела лажен катетер.

Елизабет долго време тврдела дека боледува од редок вид на рак на коските и ги убедувала сите дека поради оваа дијагноза изгубила дел од ногата, како и бубрег. На поранешните колеги им рекла и дека морала да абортира поради хемотерапијата.

Против неа годинава беше покрената истрага поради сомнение дека лажела за тешка болест.

Во разговорот со порталот „The Ankler“, Финч рекла дека никогаш немала никаков облик на рак.

– Никогаш не сум имал никаков вид на рак. Лажев кога имав 34 години и тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Лагата секој ден стануваше сѐ поголема. Тоа што го направив беше погрешно – рекла Финч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Soap Dish (@dailysoapdish)


Таа ја измислила приказната по операцијата на коленото поради која станала зависна од лекови.

– Измислив дека ми требаше внимание. Знам дека тоа што го направив беше апсолутно погрешно. Излажав и нема оправдување за тоа. Меѓутоа, постои причина. Преживеав траума и лажењето беше мојот механизам за соочување со тоа – објаснила Финч.

– Некои луѓе пијат за да се сокријат или да заборават некои моменти. Зависниците од дрога се обидуваат да ја променат својата реалност. Некои луѓе се сечат. Лажев. Тоа беше моето справување и мојот начин да се чувствувам безбедно, видено и слушнато – заклучила сценаристката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот