Шокантни детали од убиство во Албанија: Брат уби брат и внук поради петел кој му ги вознемирувал кокошките

петел

Шокантен е настанот кој пред неколку дена се случи во Мат, Албанија, каде животот го загубија 3 члена на едно семејство.

Но, уште пошокантен е фактот дека сè започнало од еден конфликт од пред девет години за еден петел. 

Петелот бил на Кујтим и ги вознемирувал кокошките на Сали. Тие дури за таа работа биле на суд, јавува Индексонлајн.

Настанот се случил во село во Клос, а полициски извори изјавија дека двајцата браќа првин физички се пресметале,  но расправијата ескалирала со употреба на оружје.

Според полицијата првично Сали Дакуци со огнено оружје пукал кон неговиот брат Кујтим и внукот Флогет, кои пак им подлегнале на раните, а убиецот се самоубил во неговиот стан. Двајцата браќа биле на 51 и 52-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот