Шокантен пресврт: Раперот Диди и бившата која го обвини за силување се спогодиле само еден ден откако таа го тужеше
Американскиот продуцент и рапер Шон Диди Комбс се спогоди со својата поранешна партнерка Кеси, само еден ден откако пејачката поднесе тужба против него за силување, сексуален и физички напад, пишува „Ен-би-си њуз“, но деталите за спогодбата не беа обелоденети.
Препорачано
Соопштението за спогодбата го соопшти адвокатот на Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, а раперот и пејачката се огласија во заедничка изјава.
– Решив да го решам ова прашање спогодбено под услов да имам одредено ниво на контрола – изјави Кеси за „Ен-би-си њуз“ и додаде:
– Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, фановите и адвокатите за нивната непоколеблива поддршка – изјави пејачката.
Се огласи и Диди кој откри дека се договориле.
– Решивме да го решиме ова прашање со договор. И посакувам сѐ најдобро на Кеси и нејзиното семејство. Љубов. – изјави Шон Диди Комбс.
Тужбата поднесена од Кеси предизвика низа контроверзии за Шон Комбс, попознат како Диди во четвртокот на 16.11.2023 година.
Кеси го обвинува Диди за физичко малтретирање за време на нивната врска, која заврши во 2018 година. Таа тврдеше дека Диди ја контролирал и навредувал набргу откако го запознала во 2005 година, кога имала 19 години. Таа тврдеше дека ја тепал, ја принудувал да се дрогира и ја принудувал на секс со машки проститутки додека тој снимал.
– По години тишина и темнина, конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам за себе и за доброто на другите жени кои се соочуваат со насилство и злоупотреба во нивните односи – изјавила Кеси.
Адвокатот на Диди, Бен Брафман, ги негираше наводите против неговиот клиент.
– Г-дин Комбс жестоко ги негира овие навредливи и срамотни наводи. Во изминатите шест месеци, г-дин Комбс беше подложен на постојано барање на г-ѓа Вентура за 30 милиони долари, под закана дека ќе напише книга за нивната врска што ќе му наштети на неговиот живот, што беше категорично отфрлено како очигледна уцена. И покрај тоа што ја повлече својата првобитна закана, г-ѓа Вентура сега прибегна кон поднесување тужба преполна со неосновани и срамотни лаги, со цел да се оцрни угледот на г-дин Комбс и да бара надокнада – изави адвокатот Брафман.
Бившата го обвини Диди за силување: Ја дрогирал и ја терал на секс со машки проститутки


