Шок за фаворитите во Мелбурн: Елиминирани Ига Швјонтек и Каспер Руд

фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Нови големи изненадувања на грен слем турнирот „Австралија опен“, 11 носител Каспер Руд од Норвешка загуби од британскиот тенисер Камерон Нори.

Нори поведе со 1:0 во сетови откако го доби првиот со 6:4, потоа израмни Руд откако во вториот беше подобар во тај-брејкот со 9:7.

Во следните два сета доминираше Нори освојувајќи ги со 6:4 и 6:3. Следен противник на Нориќе биде подобриот од мечот меѓу шестиот носител Александер Зверев и Алекс Микелсен.

Елиминација доживеа и 13 носител Григор Димитров од Бугарија кој загуби од Португалецот Нуно Боргес со 7:6 (3), 4:6, 2:6, 6:7 (6).

Пласман во осминафиналето обезбеди и третиот носител Данил Медведев кој со 3:0 во сетови 6:3, 6:4 и 6:3 го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Во женска конкуренција настапот во Мелбурн го заврши првата носителка Ига Швјонтек. Полската тенисерка иако беше подобра во првиот сет со 6:3, нејзината противничка Линда Носкова од Чешка ги освои следните два сета со 6:3 и 6:4.

За пласман во четвртфиналето Носкова (50. ВТА) ќе игра против победничката од дуелот Елина Свитолина – Викторија Голубиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот