„Шлаканица за Вучиќ среде Белград“: Што пишуваат регионалните медиуми за посетата на Фон дер Лајен?

Претседателката на Европската комисија упати брутална поракка до српскиот претседател: „Добро знаете каква е позицијата на ЕУ“, коментираат медиумите од Западен Балкан за пораките од посетата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја посети Србија. Таа дојде во Белград како дел од нејзината годишна турнеја низ Западен Балкан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, организираше свечен пречек за неа, а денеска одржаа заедничка прес-конференција во Палатата на Србија, за што објавија и медиумите во регионот.

Сараево Кликс објави статија со наслов „Бруталната порака на фон дер Лајен до Вучиќ среде Белград: „Вие многу добро знаете каква е позицијата на ЕУ“.

Овој портал наведува дека претседателката на Европската комисија нагласила дека Европската Унија цврсто стои на страната на демократските вредности и слободата на изразување и дека живееме во фрагментиран свет што го продлабочува јазот помеѓу демократијата и автократијата.

„Вие многу добро знаете каква е позицијата на ЕУ – нашата позиција подразбира слобода, а не репресија, вклучително и правото на мирно собирање“, рече претседателката на Европската комисија.

Таа додаде дека сега е клучниот момент Србија да постигне видлив напредок на европскиот пат и дека напредокот мора да се види во областа на владеењето на правото, електронските медиуми и изборното законодавство.

„Имплементацијата е клучна работа и затоа би ве поканила да дојдете во Брисел за околу еден месец“, рекла таа, пренесува Кликс.

Вучиќ одговори, пишува овој портал, дека е „горд на демократската решителност и однесувањето на српската држава во врска со протестот“.

„Кога имавте протести во големите европски земји, имаше по 27 смртни случаи. Во Србија, за среќа, никој не почина за 11 месеци“, рече Вучиќ, пренесува Кликс.

„Урсула фон дер Лајен среде Белград му „удри“ незаборавна шлаканица на Вучиќ“, е насловот на хрватскиот „Јутарњи лист“, кој пренесува извештај од „Нова.рс“.

„Господине претседателе, сега е вистинско време Србија да преземе конкретни чекори кон пристапувањето. Првата поента е дека мора да видиме напредок во областа на владеењето на правото, електронските медиуми и изборното законодавство. Вреди да се вложи труд бидејќи се приближувате до целта. Имплементацијата е клучна и затоа би ве поканил да дојдете во Брисел за околу еден месец“, изјави претседателката на Европската комисија.

Урсула фон дер Лајен последен пат го посети Белград кон крајот на октомври минатата година, како дел од нејзината годишна турнеја низ земјите од регионот, објавува медиумот.

Црногорскиот „Kolektiv.me“, најавувајќи ја посетата на фон дер Лајен на Србија, изјави дека претседателот на Србија оценил дека секоја посета на Фон дер Лајен има посебно значење и претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на соработката и довербата меѓу Србија и Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот