Фото: FC Shkupi

Шкупи урна негативен рекорд во Првата македонска фудбалска лига

Фудбалерите на АП Брера Струмица ја заокружија сезоната во првенството со убедлива победа од 6:0 против Шкупи пред својата публика. Струмичани ги очекува бараж за опстанок, додека чаирчани и официјално се селат во Втората лига.

Гостите од Чаир успеваа да парираат само во првото полувреме, кога на пауза заминаа со минимална негатива од 1:0. Но, во продолжението целосно потфрлија и доживеаја вистински дебакл.

Серијата голови ја отвори Никола Величковски во 23 минута. Истиот играч во 62 минута зголеми на 2:0, а во 71 минута младиот напаѓач на АП Брера стигна до хет-трик.

По пет минути игра Виктор Велкоски се запиша меѓу стрелците за водство од 4:0, додека во 90 минута Величковски стигна и до четвртиот погодок.

Во првата минута од судиското надополнување мрежата на Шкупи ја затресе Филип Михаилов за конечни 6:0 за струмичкиот клуб.

Сезоната за Шкупи беше исклучително тешка, пред сè поради сериозните финансиски проблеми и забраните за трансфери, поради што клубот настапуваше претежно со младински состав. Таквата состојба резултираше со низа негативни рекорди кои ќе останат запишани во историјата на македонскиот фудбал.

Со само еден освоен бод, Шкупи стана најслабиот тим во историјата на Првата македонска фудбалска лига, уривајќи го неславниот рекорд на Тиквеш, кој во сезоната 2000/01 освои три бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот