Тренерот на ФК Шкендија, Јетон Беќири/фото: KF Shkëndija

Шкендија ќе бара нов тренер, се раздели со Беќири по две години

Шкендија официјално потврди дека Јетон Беќири повеќе нема да биде тренер на тетовскиот состав, откако двете страни решија да не ја продолжат соработката по завршувањето на сезоната 2025/26.

Од клубот информираа дека договорот на Беќири истекува по крајот на актуелната сезона, а по одржаните разговори било донесено заедничко решение тој да замине од кормилото на „црвено-црните“.

Беќири ја презеде Шкендија во јануари 2024 година и за релативно краток период успеа да остави силен белег во клубот. Под негово водство тетовци ја освоија шампионската титула во сезоната 2024/25, а беа испишани и најуспешните европски страници во историјата на клубот.

Шкендија обезбеди пласман во лигашката фаза од Конференциската лига, а потоа стигна и до плеј-офот, што e најголем успех на тетовскиот клуб на меѓународната сцена.

Од таборот на Шкендија упатија благодарност до Беќири за неговиот професионализам и ангажман, посакувајќи му многу успех во понатамошната тренерска кариера.

ФК Вардар му се заблагодари на Седлоски кој ќе ѝ се посвети на „А“ репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот