Шилегов: Директорката на Централниот регистар се плаши од Сашо Мијалков, ќе барам разрешување ако не најдеме заеднички јазик за Дрисла

Првиот човек на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов, посочи дека неколку регистратори и директорката на Централниот регистар не сакаат да потпишат менување на сопственост на депонијата Дрисла, која се наоѓа во близина на Скопје.

– Никогаш не можам да одговарам за неработењето на другите институции во нашата држава. На пример, Централниот регистар во конкретниот случај. Се создаде правна ситуација во која што ние донесовме соодветна одлука на Советот на град Скопје, со којашто ја прекинавме постапката и донесовме одлука да се реформира, односно да се формира одново она што како јавно претпријатие им било дадено на Италијанците – смета Шилегов.

Градоначалникот се посомнева и во скриени мотиви зад одлуката на директорката на оваа институција.

– Во Централниот регистар, со тие шест регистратори и директорката, јас лично бев и не можев да наидам на разбирање, затоа што имаме различно правно толкување или скриени мотиви на администраторите и директорката на Централниот регистар или страв од Сашо Мијалков оти сите знаеме дека тој го води бизнис. Јас, ако тоа не заврши, ќе побарам како градоначалник јавно разрешување на регистраторите од централниот регистар и на директорката на Централниот регистар – посочи градоначалникот.

Петре Шилегов објаси и што се случува со сопственоста на депонијата.

– Градот има донесено одлука, со одлука на Совед на Град се дава на Италијанците, со одлука на Совет на Град се прекинува постапката и го бараме назад во наша сопственост. Централен регистар одбива да ја потпише, и ние сме во жалба – објасни Шилегов на Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот