Шилегов демантира: Мевљудин Алити нема платено легализација (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје денеска ги отфрли тврдењата на инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка, Мевљудин Алити, дека се платени комуналии и дека објектот е легален.

Сопственикот на дивоградбата пред ТЦ Мавровка: Објектот е легален, ќе одам во Стразбур ако треба (ФОТО/ВИДЕО)

– Ако платил комуналии тогаш објектот е легален, ама нема платено. Не знам дали платил надоместок за приватизација на земјиштето, што е главниот проблем, бидејќи ако е така, продажбата се одвивала во организација на централната власт, а во тој случај 80 проценти од средствата од продажбата одат кај централната власт. Мене ми е криво што дојде до изградба на ваков објект, но ова нека биде пример за сите кои сакаат да профитираат на сметка на легалните инвеститори, кои плаќаат данок кон државата, рече денеска Шилегов.

На новинарско прашање зошто државата, а не Градот, го руши објектот, тој рече дека Градот нема ингеренции.

– Град Скопје нема ингеренции да го изврши рушењето на објектот кај Мавровка, затоа денеска Владата го врши рушењето, може би било добро во иднина овие ингеренции да се префрлат на Град Скопје, истакна скопскиот градоначалник.

Тој потсети дека претходно со 5.000 евра бил казнет инвеститорот на објектот.

Проследете ја целосната изјава на Петре Шилегов:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот