Сопственикот на дивоградбата пред ТЦ Мавровка: Објектот е легален, ќе одам во Стразбур ако треба (ФОТО/ВИДЕО)
Слободен печат
Пред
Сопственикот на дивоградбата кај ТЦ Мавровка, Мевљудин Алити која денеска се урива, денеска за новинарите изјави дека објектот е легален. Мелити кој се појави пред објектот дојде со адвокат како и повеќе документи за градба.
Мевљудин Алити, соптвеникот на дивоградбата пред ТЦ Мавровка / Скопје, 2 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
– Нека руши државата како што е научена да руши, нека ми ги остави вработените и фамилијата без леб. Ќе одам во Стразбур ако треба, истакна Алити.
Рушење на дивоградбата кај ТЦ Мавровка / Скопје, 2 септември 2020 / Фото: Драган Митровски – Слободен печат.
Тој вели дека денеска закажал прес-конференција за новинарите во 11.30 часот, но дека претходно започнале да му го рушат објектот.
Алити додаде дека некој пробува да го отстрани од таа локација, а заедно со неговиот адвокат велат дека за обновата на објектот нема потреба од дозвола за градба.
– Од нас е поднесено барање до Општина Чаир за обнова на објектот, на кое не добивме одговор. Денеска гледаме дека објектот се урива, вели адвокатот на Алити.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со пробата – се најдовме со скопското музичко дуо „Алембик“, еден од младите бендови што денес ја обликуваат македонската сцена. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Валенсија го потврди договорот на Димитриевски, македонскиот голман добива и бонус од пола милион евра …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …