Фото: Manfred Siebinger / imago stock&people / Profimedia

ФОТО | Шести брак за австрискиот милијардер: Ричард Лугнер на 91 година се венча со 49 години помлада

Австрискиот мултимилијардер Ричард Лугнер (91) во саботата по шести пат вплови во брачните води.

„Не сум нервозен, станав цврст по тоа прашање“, рекол тој во пресрет на венчавката со 42-годишната Симоне Рајландер. Парот се сврши во октомври минатата година, но потоа прекина во декември. Потоа се смирија и се венчаа пред матичар, додека црковната венчавка се најавува за неколку месеци, наесен.

Првата брачна ноќ ја поминале во луксузен виенски хотел, а некогашниот милијардер откри дека не планираат да одат на меден месец.

– Симоне планира големи работи во градината, таа нема време за одмор, вредна е како пчела – изјавил Лугнер.

Фото: Manfred Siebinger / imago stock&people / Profimedia

Претходно Лугнер изјави дека не му се допаѓа да биде сам, па затоа и повторно се ожени. Тој има 4 деца од претходните врски, а неговиот најстар син е роден во 1963 година и би можел да ѝ биде татко на Симоне.

– Тоа ќе биде мојот последен брак – рекол богаташот пред венчавката.

Пред бракот со Симоне, Ричард беше во брак со зајачицата на „Плејбој“, Кети Шмиц, која беше 57 години помлада од него и со која беше во брак до 2014 година. Неговиот прв брак со Кристинa Гмајнер траеше од 1961 до 1978 година, а потоа од 1979 до 1983 година беше во брак со Корнелија Лауферсвaјлер, на која секој ден ѝ испраќал букети цвеќе на работа.

Неговата трета сопруга Сузан Дитрих почина на само 34 години поради компликации кои настанале по естетска операција на носот, а со својата четврта сопруга Кристин Лугнер беше во брак од 1991 до 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот