Шест велосипедисти заразени со коронавирус за време на Трката околу Емиратите

twitter/Boomer Cycling

Откако беше потврдено дека двајца членови на една италијанска екипа се заразени со коронавирус, денеска уште четворица членови на руска екипа исто така се заразени за време на Трката околу Емиратите.

Двајца членови на рускиот тим Гаспром-Русвело се заразени со коронавирус, а позитивни на тестовите биле и велосипедистот Игор Боев и механичарот Дмитриј Филипович.

Поради новите случаи на коронавирус, организаторите одлучија да ја прекинат Трката околу Емиратите на две етапи пред крајот.

Откако се појавија сомнежи дека и членови на руска екипа се заразени за време на Трката, сите останати членови на тимот се ставени во карантин и не им било дозволено да го напуштат хотелот во наредните шест дена.

Анализите на останатите членови на руската екипа биле негативни, но тие повторно ќе бидат тестирани во наредните 24 часа.

Во Обединетите Арапски Емирати (ОЕА) бројката на заразени од коронавирусот достигна до 32 лица, а на велосипедската трка се регистрирани шест случаи на заразени со коронавирусот, двајца Италијанци, два Руси и по еден Германец и Колумбиец.

– Не однесоа на прегледи во болница, ги поминав сите анализи и ми зедоа брис од грлото и носот. Откако ме оставија во хотелот, ми рекоа дека мора да останам во својата соба се додека не пристигнат резултатите од анализите. Во ОАЕ состојбата поради коронавирусот не е хаотична. Секојдневно ни се мери температурата, притисокот, ни даваат лекови. Ни беше кажано дека ќе не пуштат да се вратиме во Москва кога ќе тестовите ќе бидат негативни – изјави Боев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот