Шест типови луѓе кои не смеат да јадат црвено месо и зошто, според лекарите

месо
Фото: Профимедиа

Досега веројатно сте запознаени дека црвеното месо има лоша репутација за здравјето.

„Редовното консумирање црвено месо е поврзано со зголемен ризик од развој на висок холестерол и висок крвен притисок, што може да доведе до срцеви заболувања, а исто така го зголемува ризикот од развој на одредени видови на рак“, вели Роксана Ехсани, диететичарка, нутриционистка и портпаролка на националните медиуми за Академијата за исхрана и диететика.

„Некои студии дури открија дека високиот внес на црвено месо го зголемува ризикот за развој на дијабетес, па дури и може да го намали животниот век“, пишува порталот „Јади го ова, не тоа!“ (Eat This, Not That!).

Бидејќи и голем дел од црвеното месо се преработува, ризикувате да консумирате многу сол.

„Одредени видови црвено месо, како што се колбаси, виршли, сланина, сувомесни производи, исто така може да бидат многу богати со сол, што може да го зголеми крвниот притисок“, вели Ехсани.

 

Иако е разбирливо дека повременото консумирање црвено месо нема да резултира со вакви негативни последици, сепак диететичарите предупредуваат дека одредени групи луѓе не треба да јадат ваков вид месо, туку максимално да го избегнуваат.

Но, за некои луѓе, црвеното месо може да има посериозно влијание. Еве шест групи на луѓе кои не треба да јадат црвено месо, тврдат диететичарите.

– луѓе кои имаат висок холестерол
– луѓе со срцеви заболувања
– луѓе со еден или повеќе фактори на ризик за срцеви заболувања или на циркулаторниот систем
– луѓе со семејна историја на одредени видови на рак
– луѓе со напредна бубрежна болест
– луѓе со Алфа-гал синдром (вид на алергија на месо што се карактеризира со одложен почеток на симптомите (3-8 часа) по внесувањето на месо од цицачи).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот