Шест новозаболени и еден починат од Ковид 19 во Куманово

Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово во последните 24 часа евидентира шест нововозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Според Министерството за здравство, починат е еден пациент на возраст од 60 години во болнички услови.
Директорот на ЦЈЗ Куманово, Ариф Љатифи нагласи дека новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица. Денеска се извршени 37 тестирања од кои 26 преку „Мој Термин” и 11 тестирања согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата, во кумановско-липковскиот регион досега се дијагностицирани се 1.611 заболени лица, а во моментот се активни 195 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот