Шест ненамерни грешки што ги повторувате, а со нив го загрозувате здравјето на бубрезите

Фото: Профимедиа

Бубрезите се еден од најважните органи за здраво функционирање на организмот, затоа што го регулираат крвниот притисок, рамнотежата на водата и електролитите и ги елиминираат штетните материи од организмот.

Имајте на ум дека штетата нанесена на бубрезите често не може да се поправи, затоа внимавајте на следниве навики и ако сте во можност, веднаш сменете ги!

ЉУБИТЕЛИ СТЕ НА БРЗАТА ХРАНА
Проблемот лежи во големите количини на сол кои се наоѓаат во ваквите производи, кои не само што се лоши за здравјето на срцето, туку и за здравјето на бубрезите. Кога во организмот се внесува премногу сол, телото мора да го исфрли со уринирање, а така се губи калциумот. Премногу калциум во урината може да предизвика појава на каменчиња, тврдат лекарите.

ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
Научниците врз основа на испитани 280.000 жени и исто толку мажи, откриле дека високите вредности на крвен притисок може значајно да влијаат на развој на болести на бубрезите.

Бубрезите се всушност еден голем орган полн со крвни садови и течност, па ако имате висок крвен притисок, тој влијае и на малите крвни садови во бубрезите, што ќе ги оштети.

ПУШЕЊЕ ЦИГАРИ
Влијанието на цигарите на белите дробови и срцето е веќе познато, но истражувањата покажуваат дека пушачите се посклони да имаат белковини во урината, што е знак на оштетување на бубрезите. Болестите кои влијаат на работата на бубрезите, како дијабетес и висок притисок, исто така се влошуваат од цигарите, а на пушачите почесто им треба дијализа или трансплантација на бубрези, покажале истражувањата.

КОРИСТЕЊЕ ТАБЛЕТИ ПРОТИВ БОЛКИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ
Долготрајното користење на таблети против болки, особено во големи количини, штетно делува на ткивото и на структурата на бубрезите. Лековите може да влијаат на намалување на дотокот на крв во бубрезите. Нестероидните антивоспалителни лекови кои се користат за лекување на болка и зголемена температура, се главна причина за тоа.

НЕ ПИЕТЕ ТЕЧНОСТИ, ОСОБЕНО КОГА СТЕ ЖЕДНИ
Популарно е верувањето дека на организмот дневно му се потребни осум чаши вода, за бубрезите добро да работат. Но, ако испиете само шест чаши вода, на бубрезите и тоа ќе им биде доволно за работа. Водата помага бубрезите да ги елиминираат токсините и спречува создавање на бубрежни каменчиња и инфекции, додека дехидратацијата го зголемува ризикот од проблеми со бубрезите за 20 отсто.

ИМАТЕ ВИШОК КИЛОГРАМИ
Ова и не е посебно изненадување: Вишокот килограми го оптоваруваат телото и така ве ставаат во ризична група за развој на бубрежни болести.

Проблемите со инсулинот (дијабетес) предизвикуваат воспаленија и оштетувања на бубрезите, па секој што страда од дијабетес би требало редовно да го контролира здравјето на бубрезите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот