Шест мртви во неуспешен обид за пуч во Гвинеја-Бисао

Гвинеја-Бисао/ Фото EPA/MANUEL DE ALMEIDA

Најмалку шест лица загинаа во неуспешниот обид за соборување на претседателот на Гвинеја-Бисао, Умаро Сисоко Ембала, јави денеска државното радио.

Меѓу жртвите во вчерашниот инцидент се четворица напаѓачи и двајца членови на претседателската гарда, се наведува во соопштението, а пренесува Ројтерс.

Претседателот Ембало синоќа соопшти дека ситуацијата е под контрола откако пукањето траело повеќе од пет часа во близина на владината зграда каде се одржувала седницата.

Главниот пат што го поврзува центарот на градот со аеродромот утрово остана затворен, но банките и продавниците се повторно отворени, а луѓето можат слободно да се движат, изјави репортер на Ројтерс.

Сепак, останува нејасно кој стои зад овој напад, за кој Ембало тврди дека не само што бил неуспешен државен удар, туку и обид за атентат.

Гвинеја-Бисао е позната како главна транзитна точка за латиноамериканскиот кокаин кој оди во Европа, што придонесува за неговата постојана нестабилност.

Западноафриканската земја, која има околу два милиони жители, досега доживеала 10 преврати или обиди за државен удар од стекнувањето независност од Португалија во 1974 година.

Само еден демократски избран претседател го заврши својот целосен мандат.

Силни пукотници во близина на Владата на Гвинеја-Бисао

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот