Сцена од претставата „Се случи еднаш во Женева“

Шемите што се договараат зад политичките ѕидови ги открива претставата „Се случи еднаш во Женева“

Претставата „Се случи еднаш во Женева“, поставена според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг, во режија на Кристијан Атанасов, на 6 март, во 20 часот, ќе има изведба во „Салон 19:19“ во КИЦ-Скопје. Во претставата играат Јана Вељановска и Лазар Христов.

„Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на настан кој се случил во 1982 година, кога американскиот и советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот.

Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења во нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен.

Низ справувањето со американските и советските нуклеарни арсенали, ги откриваат шемите и нечовечноста на актерите зад политичките ѕидови. Изолирани во швајцарската природа двајцата претставници се пренапрегаат низ разговорите во четири фази на преговорите. Очајно се обидуваат да се надмудрат меѓусебно низ разговорите, често обидувајќи се да не застранат од темата на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот