Шекеринска: Павле алал да ти е

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, на својот Фејсбук профил напиша статус за актуелната ситуација со пратеникот Павле Богоевски, откако тој вчера си поднесе оставка.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Вчера немав сила да напишам било што за одлуката на Павле. Тешко ми оди и денес. Се гордеам и жалам за неговата одлука, во исто време.

Павле беше многу нешта: симбол и борец, мобилизатор и активист, колега и другар.

Беше и громобран. Чудо едно колкава нервоза и бес предизвикуваше кај гласните поддржувачи на режимот. Интересно – уште повеќе кај оние тивките. Оние кои години поминаа “незанимавајќи се со политика”, кои не напишаа ниту еден пост по сите зулуми, криминал, агресија, бомби… а кои во последната година наеднаш “прогледаа”. Токму тие кон Павле беа безмилосни. Ги потсетуваше дека во најтешките моменти, секогаш го избираа полесниот пат.

Павле тоа никогаш не го направи. Со жар зборуваше против полициската бруталност кога ВМРО МВРО беше страв и трепет. Излезе на улица да ги брани правата на граѓаните, но и гласно да се спротивстави на секакво насилство и, со збор и тело ги штитеше секогаш полицајците. На 27 април тој можеше да се одбрани самиот. Не го направи тоа. Избра да ги одбрани колешките и колегите, по цена на свои повреди.

Последната негова одлука најсилно покажа кој и каков е Павле. Не одмолчи, не се повлече, не кажа “лепено, сечено, монтирано”, не го избра полесниот пат.

Не се сите исти. Не се сите како Павле. “Вредностите се поважни од секоја функција” – тоа го кажа и тоа го покажа со свој пример. Затоа сум сигурна дека ова не е последниот негов збор.

Павле, алал да ти е!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот