Шекеринска: На крајот на октомври ќе може да кажеме дека воено сме целосно интегрирани во НАТО

Оваа и следната година нè чекаат два важни датума околу членството на земјата во НАТО. Првиот е во октомври во 2021 година, кога треба и целосно воено да се интегрираме во Алијансата, а вториот е во април во 2022 година, кога дел од нашите НАТО сили ќе треба да минат низ првото тестирање на способностите, рече вечерва министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Според Шекеринска, нема дилеми дека земјава ќе успее.

– Имаме два датума кои ќе бидат важни. Ние сме членка, ги уживаме превилегиите и тоа никој не го спори, но ќе кажеме дека сме ја заокружиле приказната во октомрви оваа година, кога ќе кажеме дека и воено сме интегрирани во НАТО. Не е долг периодот, но немам дилеми дека ќе успееме, затоа што овие три години си дадовме амбициозни цели и не одевме, туку трчавме, истакна Шекеринска во гостувањето на ТВ21.

Министерката дополни дека ер-полисингот треба целосно да го заокружиме со втора земја.

– Вториот дел е обезбедување на целосна комуникација со НАТО. Има уште еден датум, освен крајот на октовмри оваа година, а тоа е април во 2022 година, кога дел од нашите НАТО сили ќе треба да поминат низ првото тестирање на способностите, рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот