Шефот на турското разузнавање се сретна со делегација од Хамас
Шефот на турската разузнавачка служба, Ибрахим Калин, во средата се сретна во Истанбул со делегација од палестинското движење Хамас, со која разговараше за прекинoт на огнот во Газа, објави турската агенција „Анадолија“.
Препорачано
Делегацијата на Хамас ја предводеше Халил ал-Хаја, член на Политичкото биро и шеф на преговарачкиот тим.
Хамас ги бара Русија и Турција како меѓународни гаранти за безбедност за Газа, Израел се противи
За време на средбата, делегацијата на Хамас ја изрази благодарноста кон Турција, особено кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, за улогата и за напорите како посредник и гарант во постигнувањето и следењето на прекинот на огнот.
Претставниците на Хамас истакнаа дека остануваат посветени на договорот за прекин на огнот, и покрај, како што рекоа, прекршувањата што ги врши Израел во текот на процесот.
На средбата се разговарало и за чекорите потребни за непречено спроведување на прекинот на огнот и за начини како да се надминат постојните проблеми, како и за следните фази од планот за примирје.
Исто така, беше презентиран извештај за хуманитарната помош на Турција за Газа и за нејзините напори да се стави крај на хуманитарната трагедија.
Средбата го опфати и координирањето со меѓународни организации за обезбедување поголем прилив на помош за населението во Газа.
Нетанјаху: Израел ќе одлучи кои меѓународни сили се прифатливи


