Шефот на Ер Азија стана хит на социјалните мрежи откако објави слика на која седи полугол додека го масираат на состанок

Фото ЛинкедИн Тони Фернандес

Шефот на Ер Азија, Тони Фернандес, наиде на критики откако објави слика на која седи полугол додека го масираат за време на состанок на раководството. Во објавата на ЛинкедИн, која сега е избришана, претприемачот напишал дека имал „стресна недела“, пренесува Би-Би-Си.

„Морам да се повзрам со културата на Индонезија и на Ер Азија, така што може да ми направат масажа додека сум на состанок“, напиша тој.

Сликата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што многу корисници ја критикуваа одлуката на Фернандес.

Еден корисник напишал дека е „несоодветно и апсурдно“, а друг дека е „непрофесионално“.

„Тој треба да дава пример за добра работна етика и култура, а не да се пофали со своето тело и привилегија“, додаде корисникот.

Фернандез се школувал на колеџот Епсом, едно од највисоките приватни училишта во Британија. Тој ја купил буџетската авиокомпанија Ер Азија од малезиската влада за помалку од еден долар во 2001 година. Тој е основач на поранешниот Формула 1 тим Катерхам Ф1, а бил и мнозински акционер на фудбалскиот клуб Квинс Парк Ренџерс до јули оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот