Шефицата на Европското обвинителство Лаура Ковеси пристигна во Бугарија

Европската главна обвинителка Лаура Ковеси денеска и утре е во посета на Софија.

По пристигнувањето во Бугарија, таа отиде на средба со министерот за правда Јанаки Стоилов. Главна тема на разговор со Стоилов треба да бидат испразнетите места за бугарски делегирани обвинители Бугарија има квота од 10 делегирани европски обвинители, но досега има номинирано само четворица.

Дописникот на МИА од Софија информира дека Бугарија е првата земја што ја посетила откако Европското обвинителство предводено од неа започна со работа на 1 јуни. Посетата на Ковеси доаѓа во време на граѓански протести во Бугарија со барање за оставка на главниот обвинител Иван Гешев и Вишиот судски совет. Демонстрантите носеа плакати на бугарски, романски и англиски јазик со кои ја повикуваа Ковеси да не верува во Иван Гешев, кого го нарекоа „мафијаш” и извикуваа „Гешев е срамота!” 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот