Фото: Charlie Ebdo

„Шарли Ебдо“ објави карикатура со Ердоган, турски функционери „се тепаат“ кој повеќе ќе го брани

На насловната страна со светло жолто-црвена карикатура пишува „Ердоган: Како Клокло, само судбината ќе нѐ ослободи од него!“.

Клокло бил прекарот на францускиот поп пејач Клод Франсоа, кој во 1978 година починал од струен удар додека се обидувал да поправи сијалица во својата када.

Неколкумина турски функционери го критикуваа медиумот за насловната страница, во време кога Ердоган се подготвува за вториот круг од изборите на крајот на месецот, на кои тој бара нов мандат на власт, кој го има веќе 20 години.

Фото: Charlie Ebdo

„Публикациите како „Шарли Ебдо“, чија единствена мотивација е да исфрли омраза против исламот, продолжуваат јасно да го таргетираат нашиот претседател Ердоган бидејќи тој е еден од најконзистентните муслимански лидери во модерното време“, рече турскиот директор за комуникации Фахретин Алтун во подолг твит.

„Нема да паднеме во нивната замка, но ќе продолжиме да ја прозиваме нивната гнасна ксенофобија која се обидуваат да ја продадат како слобода на изразување“, рече тој.

Ибрахим Калин, советникот на Ердоган, исто така твитна дека вториот круг од претседателските избори на 28 мај ќе докаже колку е популарен актуелниот претседател.

„Ако „Шарли Ебдо“ полуде… ние сме на вистинскиот пат“, рече тој. „Нашиот народ ќе ви го даде најдобриот одговор, уште погласно, на 28 мај“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот