Александар Шапиќ
Александар Шапиќ / Фото: Фејсбук, Александар Шапиќ

Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

Александар Шапиќ, кандидатот на владеачката коалиција на Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на денешната седница на градското собрание на Белград повторно е избран за градоначалник на главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

По минатонеделното конститурање на собранието на град Белград, на кое Никола Никодијевиќ од СПС е избран за нов претседател, тој на денешната седница го предложи досегашниот градоначник Александар Шапиќ за нов градоначалник на Белград пред заедничката коалиција „Александар Вучиќ-Белград утре“.

За изборот на Шапиќ гласаа 64 од 82 советници. На предлог на Шапиќ за негова заменичка е поставена Весна Видовиќ.

Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Крени-промени“ изјави дека оваа советничка група нема да учествува во работата на градското собрание на Белград, додека опозицските одборници од коалицијата „Го бираме Белград“ не го подржаа изборот на Шапиќ.

Според резултатите од изборите во Белград одржани на 2 јуни, изборната листа „Александар Вучиќ-Белград утре“ има мнозинство од 64 мандати во Градското собрание кои брои 110 одборници.

Листата „Саво Манојловиќ-Јас сум Белград“ освои 21 одборничко место, опозициската коалиција „Го Бираме Белград“ 14 советници, листата „Ние силата на народот – доктор Бранимир Несторовиќ“ има 10 мандати, а малцинската „Руска партија“ во градското собрание“ има еден одборник.

На јунските избори за градот Белград, најголемите опозициски партии-ССП на Драган Ѓилас, ДСС на Милош Јовановиќ, движењата Срце и Заедно ги бојкотираа изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот