Шампионот Лејкерс зареди со поразите
Кошаркарите на Детроит пистонс го совладаа шампионот ЛА Лејкерс со 107:92.
Деторит приреди големо изненадување со победата над шампионот кој го забележа вториот пораз по ред и го испушти врвот во Западната конференција.
Заслугите за победата одат на сметка на Блејк Грифин кој наптреварот го заврши со 23 поени, а Вејн Елингтон даде 20 поени.
Во отсуство на Ентони Дејвис, најдобри кај шампионот беа Леброн Џејмс со 22 поени и 10 асистенции и Кајл Кузма со 22 поени и 10 скокови.
Одлучувачки момент на натпреварот беше неверојатната серија на Детроит од 16:0 во последната четвртина со која отиде на недостижни 104:87.
ЛА Клиперс со 109:104 го победи вицешампионот Мајами хит кој сезонава игра далеку под очекувања. Николас Батум ги предводеше Клиперси со 18 поени, а Лу Вилијамс даде 17, додека кај Мајами Тајлер Хироу имаше 19 поени и 10 сокови. Мајами по поразот има скор од само шест победи и 12 порази, додека Клиперси се на 14-5.
Хјустон рокетс игра одлично по размената на Џејмс Харден и против Портланд (104:101) ја забележа четвртата победа по ред. Виктор Оладипо беше најпрецизен со 25 поени, Крис Вуд даде 22 поени и имаше 12 скокови додка Џон Вол постигна 20 поени за Хјустон. Во редовите на Портланд, вообичаено Демиен Лилард беше прво име со 30 поени.
Резултати:
Детроит – ЛА Лејкерс 107:92
Мајами – ЛА Клиперс 104:109
Хјустон – Портланд 104:101
Феникс – Сан Франциско 114:93