Шаќири вели дека нема да има онлајн настава во зима: Ќе се учи со физичко присуство цела учебна година

Јетон Шаќири, министер за образование/Фото: Скриншот

Во текот на целата година наставата во училиштата ќе се одвива со физичко присуство, најави денеска министерот за образование Јетон Шаќири.

Тој вели дека и покрај претпоставките во јавноста оти во зимскиот период наставата ќе се одвива онлајн или ќе има продолжен распуст, со цел штедење на струја, образованието сепак е приоритет, како и некои други дејности.

Од гимназијата „Ибраим Темо“, пак, посочија дека се подготвени за престојната зима и дека имаат финансиски средства за греење.

Министерот Шаќири при денешната посета во неколку струшки училишта рече дека следната недела ќе има состанок со министрите за економија ,финансии и другите инволвирани ресори во делот на енергетиката на кој ќе се разговарало за мерките за штедење на електричната енергија во училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот