Шаќири уверува: Целосно ќе се реализира наставната програма, државната матура ќе биде навреме

Фото: МИА

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува оваа учебна година дека целосно ќе се реализира наставната програма во училиштата и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.

Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на пратенички прашања, потсети на правото на образование и на законите за основно образование и за средно образование.

Министерот Шаќири информира дека се направени анализи од Секторот за основно образование, образложувајќи дека во Законот за основно образование точно се предвидува колку работни денови треба да се работи во една учебна година, додека во Законот за средно образование, како што рече, не е предвидено точно колку учебни денови треба да има една учебна година.

Второто полугодие од учебната 2022/2023 почна на 23 јануари 2023 година, наместо на 18 јануари 2023 година. Учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот