Шаќири откри кога децата во основните училишта ќе може да ги извадат маските

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерот за образование Јетон Шаќири денеска изјави дека ја прифаќа препораката на Комисијата за заразни болести за учениците во основно образование да не носат маски, но конечната одлука очекува да ја донесе целиот владин состав, на наредната редовна седница во вторник.

– Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири на новинарско прашање по денешната посета на тетовска компанија каде се дискутираше за дуалните паралелки.

На новинарско прашање дали ќе преземе мерки за Општина Тетово поради случајот со директорката на гимназијата околу наводни притисоци за оставка, министерот порача да не се влијае врз образовниот процес во училиштата.

– Јас како министер ги почитувам сите хиерархиски, што се однесува до функционирање на една образовна институција, а што се што се однесува до конкретниот случај, не само за Тетово, ако има разрешување на директор што ќе се утврди од просветниот инспекторат, ако општината не постапува законски доаѓа до Министерството и јас за да го почитувам законот ќе постапам во тие општини во одредени училишта каде што наидуваме на проблем при разрешување на директорот, изјави Шаќири,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот