Шахпаска: Силна поддршка за работата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа

Фото: mia.mk

Министерката за труд и социјална политика (МТСП), Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа (БЗР), проф. д-р Чаловска и проф. д-р Караџинска Бислимовска, членка на Советот на БЗР.

Од МТСП информираат дека на средбата се разговарало за значењето, начинот на работа и дејствувањето на Советот за безбедност и здравје при работа, како највисоко експертско советодавно тело на Владата на Република Северна Македонија.

Претставничките на Советот на БЗР информирале за досегашната работа и реализирани активности кои во изминатата година беа главно во знакот на заштитата и справување со ризиците поврзани со пандемијата на ковид-19.

– Безбедноста и здравјето при работа има огромно значење за нас како општество и затоа треба сите ние заеднички да работиме на негово унапредување и во легислативна смисла, но и во неговата имплементација, посочи министерката Шахпаска.

Таа ја истакнала важноста од подготовка на новото законско решение за безбедност и здравје при работа што треба да одговори на потребите на едно современо општество на кое безбедноста и здравјето на работниците му е високо на агендата на неговите приоритети.

На средбата станало збор и за активностите поврзани со изготвувањето на нова Стратегија и Акциски план за безбедност и здравје при работа, имајќи предвид дека периодот на важност на тековната Стратегија и АП изминува и тие треба да бидат заменети со нови стратешки документи.

– Улогата на Советот во овие процеси ќе биде од клучно значење. Важно да се има предвид дека во истиот овој период веќе е во тек и подготовката на новата Стратешка рамка на ЕУ за БЗР за периодот 2021-2027, која е важна за нас земја-кандидат за членство во Унијата и треба да ги имаме предвид, велат од МТСП.

Шахпаска нагласила дека ресорното министерството ќе продолжи со заложбите за унапредување на здравјето на работниците и за безбедноста на работните места, како и превенцијата од несреќи и заболувања поврзани со работата и работните места.

Соговорниците изразиле задоволство за остварената средба и поддршката што ја дава МТСП кон ова тело, што ќе придонесе за поголема видливост на работата на Советот за БЗР, при што беше потенцирана и заедничка подготвеност за уште поголемо продлабочување на соработката во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот