Шахпаска: Продолжуваме со политиките кои обезбедуваат силна поддршка на слепите лица, како една од најранливте категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од , на која што разговараа за моменталната состојба  во смисла на правата кои ги користат и можностите за нивно унапредување на оваа категорија на лица со попреченост.

– Како ресорно Министерство на кое на врвот на агендата е грижата за најранливите категории на лица, со посебен акцент на лицата со попреченост продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите и обезбедување на подобри услови за живот на оние на кои тоа им е неопходно. Оттука и нашите заложби за измените во Законот за социјалната  заштита во делот на личната асистенција, односно спуштање на возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст, за деца со потешка или најтешка телесна  попреченост како и потполно слепи лица. Ова законско решение е во собраниска процедура и очекуваме  наскоро да го види светлото на денот, истакна министерката Шахпаска.

Од страна на претставниците на Националниот сојуз на слепи лица беше  поздравено ова законско решение кое што е мошне значајно и за нив како поединци и за нивните семејства. Од нивна страна беше истакнато дека помошта и поддршката кон слепите лица треба да продолжи и да се унапреди во смисла на обезбедување на поголем опфат на помагала кои за нив имаат големо значење во однос на подобро секојдневно функционирање.

Со цел поттикнување, социјално вклучување и еднакви можности, лицата со попреченост односно лицата со тешка или длабока попреченост, лицата со најтешка попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, се корисници на надоместокот заради попреченост. Исто така, слепите лица користат и права за помош и нега од друго лице.

Секоја година врз основа на доставена Програма од страна на Министерството за труд и социјална политика, изготвена врз основа на поднесени програми и проекти од страна на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ), добива средства од Владата на Република Северна Македонија.

Министерката за труд и социјална политика, изрази уверување дека помошта и поддршката на лицата со попреченост ќе продолжи и понатаму , во насока на обезбедување на подобри услови за живот и нивна вклученост во општествениот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот