Северна Македонија од четврток во портокаловата листа за патување на Кипар

epa08435508 An employee cleans the tables and chairs outside the re-opened cafe in in Nicosia, Cyprus, 21 May 2020. The Cyprus government has removed some restrictions to contain the ongoing COVID-19 and coronavirus pandemic with some businesses allowed to re-opened following strict rules for hygiene and safe distance. EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Од третата, црвената зона, Северна Македонија од 8 јули 2021 година ќе биде преместена во втората категорија, односно на портокаловата листа земји за патување на Кипар и неопходен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно одлуките на кипарската Влада, земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика: зелена, портокалова, црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а државите кои не се во некоја од овие листи се во и сивата зона.

Во првата (зелена) категорија „земји со ниска опасност” е 31 држава и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Северна Македонија, се и Португалија, Ирска, Летонија, Шведска, Холандија, Андора, Кина, САД, Јапонија, Србија, Канада, Саудиска Арабија, Либан, Јужна Кореа, Катар, Косово и Азербејџан.

Во третата (црвената) категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории”, вклучени се 19 држави, задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден при пристигнувањето на Кипар, а во оваа листа, до четврток е и Северна Македонија.

Во однос на вакцинираните посетители, како што пренесува МИА, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Но, и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В или Синофарм.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е. 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ .

Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека категоризацијата на земји, заснована врз процената на епидемиолошкиот ризик, е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот