Северна Кореја тврди дека успешно тестирала нови мотори со цврсто гориво

Северна Кореја/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Северна Кореја денеска соопшти дека успешно тестирала нови мотори со цврсто гориво изградени за балистички ракети со среден дострел, бидејќи работи на подобрување на својот нуклеарен арсенал, кој е потежок да се открие и потенцијално може да ги таргетира американските воени бази во Гуам и Јапонија.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА соопшти дека научниците ја извршиле првата и втората фаза од тестот во саботата и вторникот, но не соопшти кога ќе биде завршен новиот ракетен систем.

АП пренесува дека тестот се случил кога рускиот министер за природни ресурси Александар Козлов ја посетил Северна Кореја на разговори за трговија и технолошка размена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот