Серумите и ампулите во корејската нега на лицето

ЗОШТО СЕРУМОТ ИГРА ЗНАЧАЈНА УЛОГА ВО КОРЕЈСКАТА КОЗМЕТИКА?

Серумите за лице, или како уште ги нарекуваат чудотворна течност во мало пакување, се вистински претставници на корејската козметика за нега на лицето. Зошто? Затоа што една капка серум содржи висока концентрација на активни состојки, без додатоци кои би можеле да бидат штетни за кожата. Разликата во однос на кремот е што кожата многу полесно го впива серумот кој навлегува длабоко во слоевите на кожата, со што овозможува длабока и брза хидратација и ефикасно искористување на активните состојки.

Ако сакате да посветите внимание на конкретен проблем со кожата, како намалување на појавата на брчки, акни, флеки, дамки, губиток на еластичност и слично, или да го освежите лицето и да ги елиминирате несовршеностите, тогаш серумот е вистинскиот производ.

АМПУЛИ И СЕРУМИ

Сигурно сте слушнале и за ампули, кои претставуваат густа, вискозна течност и се уште поконцентрирана форма на серум. Серумите имаат помала вискозност и се полесни во однос на ампулите. Што и да преферирате, серумите и ампулите се користат на истиот начин. Со серумите/ампулите можете да придонесете многу за кожата на лицето со само неколку капки.

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ СООДВЕТЕН СЕРУМ ИЛИ АМПУЛА ЗА ВАШЕТО ЛИЦЕ?

Серумот или ампулата, пред сé, треба да соодветствува на типот на кожата (сува, мрсна или комбинирана) и притоа таргетирано да ги подобрува несовршеностите на кожата. Серумите можат да обезбедат дополнителна хидратација на лицето и да ја подобрат кожната бариера. Серумот/ампулата треба да е добро вклопен во избалансирана рутина за нега на лицето, заедно со останатите производи од рутината, како средство за чистење, тоник и крем, со што ќе се подобри и засили взаемното дејство на нивните активни состојки.

Забавувајте се додека експериментирате со Mizon Ampoule Miniature Set

Mizon е корејски бренд за козметика чие мото е „From Care to Beauty, We Create Beauty“ односно „Од нега до убавина, ние креираме убавина“, затоа што MIZON создава иновативна функционална козметика со која Ви помага да ја подобрите состојбата на кожата до нејзин убав и негуван изглед.

За прилагодена нега според секој проблем на кожата, со цел подобрување на нејзината целокупна состојба, Mizon го нуди Mizon Ampoule Miniature Set, сет од 5 минијатурни ампули. Практичното мини пакување е идеална прилика на лесен и едноставен начин да се пробаат различните варијанти на серуми и секако да се забавувате уживајќи во процесот. Добрата нега на лицето, секако подразбира и уживање во одвоеното време за себе.

РАЗНИ РЕШЕНИЈА ЗА СЕКАКОВ ВИД КОЖА

Овој сет обезбедува брзи решенија за различни проблеми со кожата преку 5 типа ампули со природни состојки во секоја ампула, кои делуваат за навлажнување, затегнување, осветлување, обновување и ноќна нега на кожата.

Сетот ги содржи следните ампули: Mizon Snail Repair Intensive ampoule, Mizon Hyaluronic Acid 100, Mizon Collagen 100, Mizon Placenta 45 и Mizon Night Repair Seruming ampoule.

– Користете ја Mizon Snail Repair Intensive ампулата доколку ви треба брзо решение за проблеми со кожа на која ѝ е потребно нутритивна вредност како и за подобрување на состојбата со брчките. Високата концентрација на филтрат од слуз од полжав, обезбедува брзо обновување и потхранување на безживотната кожа.

– Решение за сува кожа и подобрување на состојбата со брчките Ви нуди Mizon Hyaluronic Acid 100 ампулата со висока концентрација на хијалуронска киселина, која моќно делува во хидратацијата на кожата.

– За да добиете затегната и еластична кожа каква што сте посакувале, Ви ја препорачуваме Mizon Collagen 100 ампулата со висока концентрација на колаген, која е наменета за опуштена кожа и подобрување на состојбата со брчките. Содржи природен протеин и нема вештачки бои и ароми.

Mizon Placenta 45 ампулата нуди двојна функција на избелување, како и подобрување на брчките кај изморената кожа. Високата концентрација на колаген дава одлични резултати во подобрувањето на еластичноста и затегнувањето на кожата. Производот содржи природен протеин, без вештачки бои и ароми.

Mizon Night Repair Seruming ампулата ја поттикнува природната моќ на кожата за обновување, со што суштински и одвнатре ја подобрува еластичноста и виталноста на кожата и моќно ја ревитализира додека спиете. Високо збогатена ампула, која помага во зацврстувањето на уморната кожа.

Разбудете ја вашата кожа од „длабокиот сон“! Со неколку капки од серумите на Mizon.

________________________

Производите на Mizon се ексклузивно достапни во Olpeo, продавница специјализирана за корејска козметика, на продажните места во ГТЦ во Скопје на првиот кат, Палма мол во Тетово, како и на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот