Серена Вилијамс го облекла најскапиот ОМЛЕТ на светот за најпрестижниот моден настан на светот (ФОТО)

Дури и жените со најголем стил и моден вкус, понекогаш знаат да направат катастрофални грешки.

На црвениот тепих, на овогодинешната Мет Гала, поминаа некои од најубавите и најпознатите жени на светот.

Меѓутоа, изгледа дека убавината, популарноста и богатството не резултираат секогаш и со стил.

Колку и да имаат пари, на некои од ѕвездите многу лесно може да им се случи да направат погрешен моден избор.

А можеби најубавиот пример за тоа, беше „Версаче“ фустанот во кој се појави Серена Вилијамс. Иако цената не е позната, станува збор за фустан кој е дизајниран специјално за неа, па со самото тоа сигурно и неговата вредност е непроценлива.

Таа на себе носеше долг жолт фустан украсен со листови. Меѓутоа оваа комбинација потсетуваше на нешто друго – на омлет.

Социјалните мрежи набрзо беа преплавени со коментари на сметка на нејзиниот фустан, и сите укажуваа на истата работа, а тоа е дека Серена на себеси облекла “омлет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот