Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер први примени во „Куќата на славните“ во Премиер лигата

Фото: Twitter

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер од денес се и официјално во „Ќуќата на славните“ на Премиер лигата.

Од нејзиното основање во 1992 година заедно освоија 16 од можни 30 трофеи, Сер Алекс 13 и Венгер три. Тешко дека ќе се појави тандем кој толку многу ќе ја унапреди Премиер лигата, двајцата во своите клубови поминаа повеќе од две децении.

Токму затоа воопшто не е изненадување славните тренери да бидат први примени во „Куќата на славните“. Во текот на 90-тите тие го развија едно од најголемите ривалства во Премиер лигата кое траеше се до 2013 година кога Фергусон одлучи да се повлече.

Венгер го водеше Арсенал до 2018 година и си замина после 22 сезони во Лондон и од тогаш не се занимава со тренерска работа.

Секако дека наскоро и нвои тренери ќе добијат место тука се: Жозе Мурињо, Пеп Гвардиоал, Јирген Клоп…Но, со сета почит кон сите, засега нема некој кој е блиску да остави таков печат во англискиот фудбал како Ферги и Венгер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот