Семејството Дел Пјеро по 12 години доби нов претставник во Јувентус

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на италијанскиот гигант Јувентус по 12 години повторно во своите редови ќе има член од семејството Дел Пјеро.

Алесандро Дел Пјеро е вистинска икона на клубот од Торино и еден од најголемите фудбалери кои го носеле дресот на „старата дама“ во историјата, а по неговите стапки сега тргна и неговата ќерка Доротеа.

Имено, ќерката на Дел Пјеро стана дел од од женскиот тим на Јувентус до 17 години и во иднина ќе се обиде да го оправда своето славно презиме.

Доротеа е родена во САД во 2009 година и фудбал започнала да игра во академијата на Јувентус на која и се приклучи во 2022 година. Сега Јувентус одлучи да ја доведе во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот