Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра, објави СДСМ
Семејната фирма на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски која го менувала името, добила вкупно 161 тендер, вредни речиси 5,5 милиони евра, пари на граѓаните, објави на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ Александар Димитриевиќ, откако партијата најави серијал на корупциски скандали за власта под наслов „Бомби 2.0“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот.“ Во тековната 2025 година, истата фирма веќе добила нови 10 тендери од речиси половина милион евра. Сопственик на Сити логистик во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата – Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери. Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните! – изјави Димитријевиќ.

Опозициската СДСМ ја обвинува власта за наместени тендери преку блиски луѓе и посредници.



