Полиција / илустрација

Семејна драма во Грчец – родители насила си ја вратиле ќерката дома

Инцидент со елементи на насилство и присилно одведување бил пријавен вчера во СВР Скопје, откако малолетник од селото Грчец, општина Сарај, алармирал дека во нивниот семеен дом дошло до физички напад.

Според пријавата, на 20 јануари 2026 година околу 13 часот, во домот пристигнале вкупно петмина – двајца мажи и три жени – кои физички ги нападнале Д.Г. (21) и неговата малолетна девојка. По нападот, девојката била земена со сила и однесена од домот.

Во пријавата е наведено дека двајца од лицата инволвирани во настанот се родители на малолетната девојка.

За случајот биле известени надлежните институции, а полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот