Семејна драма: Прилепчанец, гневен на сопругата, ѝ ја запалил ординацијата

Фото: МИА/илустрација

Семејна кавга во Прилеп имала тешки последици, откако сопругот, налутен на сопругата, ја запалил нејзината лекарска ординација, соопшти МВР.

„На 26.10.2022 околу 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка” во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи. Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата“, се вели во полициското соопштение.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот