Селекторот на Данска удри по УЕФА: Поради корона има одложување, а кога на некого ќе му застане срцето – нема

epa09265444 Denmark's head coach Kasper Hjulmand (C) reacts while his player Christian Eriksen receives medical assistance during the UEFA EURO 2020 group B preliminary round soccer match between Denmark and Finland in Copenhagen, Denmark, 12 June 2021. EPA-EFE/Stuart Franklin / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Данскиот селектор Каспер Хјумланд денеска упати сериозни критики за УЕФА бидејќи не дозволи да се одложи натпреварот од првото коло на Евро 2020 против Финска на повеќе од 24 часа откако на теренот колабираше Кристијан Ериксен. Лекарскиот тим на данската репрезентација 20-тина минути се обидуваше да му го спаси животот на Кристијан Ериксен и на крајот успеа, а натпреварот продолжи по пауза од 90 минути. На крајот Данска иако беше фаворит загуби од Финска со 0:1.
– Единствена вистинска одлука ќе беше да ги пратев играчите во автобус и да ги вратам дома. Кога некоја репрезентација има заразени играчи со коронавирус тогаш натпреварот се одложува за два дена. Но, кога на некого ќе му застане срцето, тоа не е случај – изјави Хјумланд.
Поранешниот дански голман, Петер Шмајхел, на медиумите им отрки дека УЕФА им дала две опции на Данска, натпрецарот да се доигра во саботата или да се доигра наредниот ден.

ВИДЕО: Сон со емотивна порака за Ериксен

Ериксен од болница испрати нова порака, наскоро доаѓа на стадион

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

 

 

Видео на денот