Ериксен од болница испрати нова порака, наскоро доаѓа на стадион

Данецот Кристијан Ериксен колабираше во текот на мечот на ЕП против Финска/Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Добри вести пристигнуваат од Копенхаген каде за малку во саботата ќе се случеше голема трагедија кога најдобриот дански репрезентативец Кристијан Ериксен колабираше, а вчера беше потврдено дека срцето му застанало на неколку моменти. За тоа колку блиску Ериксен беше до смртта,  открива лекарот на данската репрезентација.

– Колку недостасуваше до најлошото сценарио? Беше мртов… Успеавме да го вратиме по еден електрошок, со масажа на срцето. Доста брзо се врати – зборува докторотот на репрезентацијата.

Данскиот селектор Каспер Хјумланд изјави дека разговарал со Ериксен кој не можел да се потсети на моментите кога колабирал.
– Не се сеќавам што се случи, но како сте вие – го прашал Ериксен селекторот.
– Тоа е вообичаениот Ериксен, ми беше мило да го видам како се смее – вели Хјумланд.

Новинар на „Газета дело Спорт“ исто така разговараше со Ериксен што воедно претставува прво обраќање на Данецот по немилиот настан.
„Ви благодарам на сите, нема да се откажам. Се чувствувам многу подобро, но сакам да знам што ми се случи“, ги пренесува италијанскиот весник зборовите на Ериксен.

Весникот исто така објави дека ситуацијата со Ериксен била искористена да се шират лажни весни на социјалните мрежи и на интернет со тоа што се пренесувале измислени изјави на лекарите на Интер. Подоцна италијанскиот шампион чиј член е Ериксен ги демантира таквите тврдења и потврди дека Ериксен никогаш не бил позитивен на коронавирус како и дека не се вакцинирал.
Според „Газета дело Спорт“ најважно е што Кристијан Ериксен се чувствува добро и може во среда да ја напушти болницата, додека во четврток е најавено негово доаѓање на стадионот „Паркен“ за да ги бодри колегите од репрезентацијата против Белгија.

Каква порака на Ериксен до селекторот: Мислам дека сум подготвен за тренинг

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

Драмата со Ериксен ја следеше и фудбалерот кој беше клинички мртов дури 78 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот