Драмата со Ериксен ја следеше и фудбалерот кој беше клинички мртов дури 78 минути

epa03149265 Bolton's Fabrice Muamba (hidden) receives medical attention during the English FA Cup quarter final match between Totthenham Hotspurs and Bolton Wanderers at White Hart Lane in London, Britain, 17 March 2012. EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA DataCo terms and conditions apply. http//www.epa.eu/downloads/DataCo-TCs.pdf

Немилите сцени од стадионот „Паркен“ ги гледаше и Фабрис Муамба, пензиониран фудбалер кој помина низ слична ситуација.

Овој англиски фудбалер во 2012 година за време на натпревар од ФА купот со Тотенхем падна на тревата и според зборовите на докторот тој бил клинички мртов дури 78 минути. Потоа два дена помина на интензивна нега, а по еден месец е пуштен на домашно лекување во вграден пејсмејкер. Муамба за „Дејли Мејл “ објасни како се чувствуваше додека гледаше како Кристијан Ериксен лежи на теренот во Копенхаген.

Плачев. Дојдов на гости кај пријател и кога почнав да го гледам напреварот Ериксен падна. Што подолго го следев преносот, така беше се пострашно. Не го познавам Кристијан, но само една мисла ми се вртеше во глава „Ајде Кристијан, ајде“. Ми се врати се што и самиот го доживеав. Се обидувам да не мислам на тоа, но понекогаш е тешко. Кога го видов Ериксен, веднаш му се јавив на татко ми и го прашав зошто на ова момче мораше да му случи вакво нешто. Пресреќен сум што од болницата пристигнаа добри вести, но нема да бидам мирен се додека не го видам на нозе. Му посакувам среќа во опоравувањето – порача Муамба.

Докторот на Данска открива: Ериксен остана без пулс, со масажа на срцето му го спасивме животот

ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА: Овој соиграч му го спаси животот на Кристијан Ериксен! И не само тоа!

Ужас на ЕВРО 2020: Ериксен се бори за живот, прекин во Копенхаген!

Ужас на ЕВРО 2020: Ериксен се бори за живот, прекин во Копенхаген!

 

Видео на денот